ВИДЕО: Димитријевиќ постигна кош во НБА стил за европска победа на Хувентуд!

Mакедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е херојот на Хувентуд од Бадалона во Еврокупот. Вечерва во Каталонија падна Нантер со 79-77, благодарение на победничкиот кош на нашиот Димитријевиќ на четири секунди пред крајот.

Со спектакуларен дриблинг и положување преку тројца ривали, Нено постигна кош и погоди дополнително слободно фрлање. 

  • Спектакуларниот кош за победа на Димитријевиќ против Нантер: 

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 23 поени (2/4 за тројка, 6/6 од поле, 5/6 од слободни фрлања), а впиша и еден скок и пет асистенции.

  • Извештај од натпреварот: 

Со четири победи и два порази, Хувентуд е второпласиран во групата Ц на Еврокупот, веднаш зад Уникс Казан