Димитријевиќ подели 12 асистенции, Валенсија не ги искористи

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше одлично попладне во дресот на Валенсија, но не успеа да го круниса со победа.

Тимот на домашен терен загуби од Мурсија (86-91) и така го претрпе вториот сезонски пораз. Димитријевиќ имаше одличен учинок кога се говори за асистенциите, ги подели вкупно 12, а мечот го заврши со шест поени, но и осум загубени топки.

Димитријевиќ во редовите на Валенсија пристигна ова лето како големо засилување на плејмејкерската позиција од редовите на Хувентуд.