• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч во дресот на шпански Хувентуд во рамки на Ендеса лигата.
На домашен терен Хувентуд дојде до убедлива победа над Обрадорио (101-77), а Димитријевиќ максимално ја искористи дадената доверба од тренерот.
Плејмејкерот на паркетот мина 20 минути, за кои постигна 14 поени, додаде осум асистенции и уште два скока.
За Хувентуд ова беше трета победа по ред во шпанската Ендеда лига.