• Мартин Танасковски

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ, повторно тренира со тимот на Олимпија Милано и е пред кам-бек на терените.
Заради засега непозната повреда, Димитријевиќ пропушти повеќе натпревари за „манекените“ од главниот град на Италија. Клубот не соопшти за што се работи точно, ама Нено го немаше во протоколите во домашните мечеви и во Евролигата.
Клупската интернет-страница објави дека Димитријевиќ повторно е на тренинзите, па за очекување е македонскиот плејмејкер наскоро да го видиме пак во тимот на Еторе Месина за следните предизвици.
Ненад Димитријевиќ, кој се наоѓа меѓу патниците на тимот за мечот на гостински терен кај Анадолу Ефес во Евролигата, оваа сезона за Милано има 9,1 поени во просек по натпревар.