ВИДЕО: Димитријевиќ пак генијален, Уникс се избори за историско финале на плеј-офот

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс, ќе играат во големото финале на ВТБ лигата. Таму ги чека серија со екипата на Локомотив Кубан која ќе го даде новиот шампион во ова силно натпреварување.

ЦСКА од Москва, која оваа сезона го предводи уште еден Македонец, Емил Рајковиќ загуби во седмиот меч од серијата против тимот од Краснодар, па во наредите денови, крајно изненадувачки, ќе игра серија со Зенит, која ќе одлучи кој ќе ја освои „бронзата“.  

Во доста драматичен седми натпревар во Казан, Димитријевиќ беше пресуден со своите 24 поени, шест асистенции и два скока, а имаше одлична реализација за два поени, осум од десет, една тројка од четири обиди и пет од шест од линијата за слободни фрлања.

Македонскиот репрезеннтативен бек ов финишот погоди за егал резултат (79-79), Зенит загуби топка во следниот напад, а Уникс со едно слободно фрлање (го реализира Хантер) на неполна секунда пред крајот дојде до клучната победа од 80-79, во полуфиналната серија против одличниот и фаворизиран состав на Зенит..

Ова е петти пласман на Уникс во финалето на ова регионално натпреварување, и во серијата на четири победи Димитријевиќ и другарите ќе се обидат да дојдат до првиот трофеј.