Димитријевиќ: Одбив понуди од НБА, не сакав да греам клупа или „Џи-лига“!

Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година во странство, Ненад Димитријевиќ, во опширно интервју за руски „БО Спорт“ говореше на повеќе теми, меѓу нив и за неговите цели како играч.

Плејмејкерот истакна дека негова цел е еден ден да игра во Евролигата. За НБА-лигата, кажа дека имал понуда од некој клуб да потпише во САД кога се пријавил на драфтот, но решил да не ја прифати и заминал во Валенсија.

„Цел ми е да игра во Евролигата. Тоа секогаш била моја цел. Кога потпишав со Валенсија, тие влегоа во Евролигата, но не успеав. Многу играчи велат дека нивниот сон е НБА, но мојот е Евролигата. Гледав многу натпревари како дете, ги паметам пресметките на Панатинаикос и Макаби. Не сум заинтересиран и не гледам НБА-лига. Може само да направам исклучок за некои мечеви во плеј-офот, или некои кратки видеа на Инстаграм. Евролигата е комплетно поинаква и секој кој ја разбира кошарката го разбира тоа“, вели Димитријевиќ.

На прашањето на новинарот дали Димитриејвиќ сака во НБА, тој одговори:

„Бев на драфтот, имав шанса да потпишам двонасочен договор. Но, одбив, затоа што се согласив да одам во Валенсија. Не се сеќавам на клубот. Имаше два или три клуба кои имаа понуди до мојот агент. Не сакав да одам во НБА ида греам клупа, или да играм во „Џи-лигата“. Мора прво да се докажеш во Евролигата, а потоа да размислуваш за НБА“, додаде македонскиот кошаркар.

Ненад Димитријевиќ од оваа сезона настапува за руски Уникс Казан и е еден од најдобрите играчи во шампионатот. Тимот се бори за врвот во ВТБ-лигата, а таму како конкурент ја има неприкосновената ЦСКА Москва која е предводена од Емил Рајковиќ.