Димитријевиќ најдобар на терен, но Баерн доби шок од Алба!

Екипата на Баерн Минхен како голем фаворит дома загуби од Алба Берлин (79-86) во финалето на германската кошаркарска Бундеслига.

По триумфот во првиот меч, се очекуваше фаворитот дома пак да го одбрани теренот, но Алба покажа дека нема лесно да се предаде во серијата и забележа џиновски триумф, со кој во финалето израмни на 1-1 во серијата до три победи.

Ненад Димитријевиќ беше најдобар играч на теренот со 17 постигнати поени за 20 минути. Имаше и две асистенции и еден скок. По него следеше Кајил од Алба Берлин со 16 поени.

Следниот натпревар ја сели серијата во Берлин. Мечот се игра на 17 јули.