Димитријевиќ најдобар кај Хувентуд во поразот од Сан Пабло Бургос

Кошаркарите на Хувентуд запишаа пораз на гостувањето кај Сан Пабло Бургос од 86-78. За домашната екипа од Бургос ова беше прво славје по пет меча, додека екипата на Ненад Димитријевиќ бележи втор пораз во низа. 

Македонскиот плејмејкер беше најдобар поединец во редовите на Хувентуд. Димитријевиќ играше добро во фазата на нападот, даде 16 поени и беше најефикасен во својот тим, а на нив надоврза три скокови и пет асистенции. 

Околу натпреварот, Хувентуд имаше водство на стартот, но бргу екипата од Бургос ги презеде работите во свои раце. Позитивата орбитираше околу границата од десет поени, за лесен и рутински триумф. 

Двата тима имаат место кое води во четвртфиналето во Шпанија. Сепак, Хувентуд мора да се подобри на табелата ако сака да избегне евентуална пресметка со Барселона веднаш во плеј-офот.