Димитријевиќ најдобар асистент во новиот триумф на Хувентуд

Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ имаше солидно попладне во дресот на шпански Хувентуд, во триумфот над Сарагоса (88-73).

Домаќинот успеа да победи пред својата публика, а Димитријевиќ беше најдобар асистент на паркетот, со пет проигрувања до своите соиграчи. Доби скромна минутажа, одигра само 15 минути, но ја опрадва довербата.

Покрај петте асистенции, Димитријевиќ даде уште четири поени на мечот. Хувентуд има 24 поени и се наоѓа на седмото место во АЦБ-лигата.