• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и официјално има нов клуб. Евролигашот Олимпија Милано го претстави плејмејкерот како засилување за следните две сезони со договор до крајот на сезоната 2025/26.
Првите импресии на македонскиот репрезентативец се позитивни. Во кратка изјава истакна дека е горд што ќе биде дел од „манекените“ и посакува важни трофеи со Милано за кого смета дека е голем клуб.
„Многу сум среќен и благодарен што ќе имам можност да бидам дел од овој историски клуб. Возбуден сум што потпишав со Олимпија Милано и ќе се обидам да помогнам да дојдеме заедно до важни трофеи. Едвај чекам да започенеме со тренинзи и натпревари, се гледаме наскоро“, изјави Димитријевиќ.
Играчот последните две сезони ги мина во руски Уникс Казан каде се афирмира како МВП и лидер, а претходно настапуваше за шпанските Хувентуд и Валенсија.