Димитријевиќ меѓу трите кандидати за „Ѕвезда во подем“ на Еврокупот

Секоја сезона, Еврокупот објавува подолга листа на млади, талентирани играчи, од целиот свет, но само еден од нив може да се закити со признанието „Ѕвезда во подем“. Единствениот критериум во овој избор е играчот да не биде повозрасен од 22 години. Оваа сезона повеќе од 60 млади кошаркари бел дел од Еврокуп натпреварувањата, но само 15 од нив влегоа во ТОП 16 фазата и ги одиграа последните осум мечеви од ова натпреварувања.

Од таа подолга листа, „книгата падна“ на три имиња, а еден од нив е нашиот Ненад Димитријевиќ. Иако важи како дебитант во ова натпреварување, македонскиот репрезентативец е еден од оние кои ќе останат запаметени по одличните бројки преку кои се гледа напредокот во неговата игра во текот на оваа сезона од Еврокупот.

Досега Димитријевиќ просек од 11,9 поени, со 64,8% реализација во шутот за два поени, и 86,7% од линијата за слободни фрлања, плус и 3,9 асистенции. Тој перформанс е доволен за индекс-рејтинг 12,9 на 14 одиграни мечеви во ова натпреварување.

Уште подобри се неговите бројки во ТОП 16 фазата на Еврокупот. Има просек од 14 поени, со 73,1% на реализација во шутот од поле, како и 4,5 асистенции по меч со „коефициент на полезност“, односно „ПИР“ - 14,5. Неговата реализација за два поени во ТОП 16, е шеста во вкупниот поредок кај најдобрите бекови во Еврокупот.

Како што објаснуваат на сајтот на Еврокупот, „продуктот на младинската школа на Хувентуд“, најдобрата игра ја имаше во шестото коло, кога на дуелот против францускиот Нантер реализираше 23 поени.

За оваа ласкаво признание на Еврокупот се борат уште Мартинас Ечодас од Ритас од Вилнус и Килијан Хајнс од германскиот Улм Ратиофарм.