• Мартин Танасковски
Најквалитетното европско кошаркарско натпреварување Евролигата стартува оваа седмица. Македонија ќе има двајца репрезенти во името на репрезентативците Ненад Димитријевиќ од Милано и Ти-Џеј Шортс од Париз.
Интернет-страницата на Евролигата како увертира на сезоната направи рангирање на екипите кои се дел од шампионатот оваа сезона. Милано и Димитријевиќ ги смести на осмото место на листата, со тоа што потенцира дека „манекените“ имаат тим за учество на Ф4-турнирот.
Париз, кој е за првпат во евролигашкото друштво како освојувач на Еврокупот, се наоѓа на седумнаесеттото место од вкупно осумнаесет учесници, со тоа што е потенцирано дека Ти-Џеј Шортс се очекува да биде лидер на екипата.
На првото место е бранителот на титулата Панатинаикос, а најдобрата петка ја комплетираат Олимпијакос (Грција), Фенербахче (Турција), Реал Мадрид и Барселона (Шпанија).