Димитријевиќ и Јакимовски ќе ја бранат честа на Македонија во Еврокупот

Време е за новата сезона во БКТ Еврокупот, а второто по ранг европско клупско натпреварување годинава носи и нов формат. За првпат ќе настапат 32 екипи, поделени во четири групи со по осум тима, а секоја екипа ќе одигра 14 натпревари во регуларниот дел. Во плејофот ќе продолжат најдобрите четири од секоја група.

  • Групите во Европскиот куп на ЕХФ:

Група А: Ле Ман, Хапоел Ерусалим, Сан Пабло Бургос, Цедевита Олимпија, Тортoна, Арис, Росток и Рига
Група Б: Турк Телеком, Клуж, Тенерифе, Венеција, Максима Рома, Сиаулијаи, Лондон Лајонс и Франкфурт
Група Ц: Бург, Тофаш, Будуќност, Тренто, Наполи, Нептунас, Кемниц и Сласк
Група Д: Монако, Бахчешехир, Манреса, Улм, Рома, Лиеткабелис, ПАОК и Балкан Ботевград.

Македонската кошарка ќе има двајца свои кошаркари во натпреварувањето, тоа ќе бидат Ненад Димитријевиќ со Арис и Андреј Јакимовски со својот Наполи. Освен нив тука е и Ѓорѓи Кочов кој е дел од тренерскиот тим во германскиот Кемниц, еден од ривалите на Јакимовски и Наполи.

Во првото коло, кое се игра денеска и утре, Димитријевиќ со Арис гостува кај Ле Ман, додека Јакимовски со Наполи утре ќе го пречека актуелниот шампион Бург. Регуларната сезона ќе се игра до јануари, по што најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат во осминафиналето.