Димитријевиќ ги избра кошаркарките за Челинџ турнирот за ЕП во Скопје

Селекторот на нашата женска репрезентација, кошаркарки до 20 години, Саша Димитријевиќ го објави списокот на кандидати на кои ќе смета во претстојниот период од подготовките и настапот на Европското првенство, кое ќе се одржи од 13 до 18 јули, во Скопје.

Повикани кошаркарки:
Катерина Поп-Димитриоска ЖКК Баскет КАМ
Камелија Игњатова (ЖКК Баскет КАМ)
Сара Максимовска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)
Марија Димитријевиќ ЖКК Бадел 1862-Скопје)
Наталија Секуловска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)
Јана Јазаџиевска (ЖКК Работнички-Скопје)
Габриела Модева (ЖКК Струга 2009)
Албина Плакај (ЖКК МЗТ Скопје Аеродром)
Тијана Митрева (Италија)
Ивана Кожобашиевска (Италија)
Матеа Николиќ (Италија)
Матеа Атанасовска (Италија)
Елена Тасевска (Италија)
Стефани Костова (Шпанија)
Ана Цветковска (Шпанија)
Теона Поп Стојанова (САД)
Селектор: Саша Димитријевиќ

Според планираните активности, подготовките на повиканите кошаркарки ќе започнат на 14 јуни со почеток во 11:30 часот во големата сала на СРЦ „Кале“ Скопје.