Димитријевиќ е незапирлив, Уникс го презеде врвот во ВТБ лигата

Екипата на Уникс Казањ славеше победа над Локомотив Кубан со 80-76 во плеј-офот од руската ВТБ лига и изби на првото место на табелата, каде го дели врвот со ЦСКА Москва на нашиот тренер, Емил Рајковиќ. 

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше во почетниот состав на домашниот тим и ги постигна решавачките поени на минута ипол до крајот, а беше и убедливо најдобар поединец на паркетот со 23 поени зад своето име. Вреди да се напомене дека Нено ја одигра целата последна четвртина со четири лични грешки и на крајот беше убедливо најзаслужен за триумфот на неговиот тим. 

Уникс Казањ игра во одлична форма и ја забележа шестата победа во низа, а воедно има задача и да го одбрани трофејот од ВТБ лигата, кој го освои во минатогодишното финале против истиот ривал од денес.