• Мартин Танасковски

Ненад Димитријевиќ ги покажа своите квалитети и беше лидер на Македонија во големата победа над Италија, која ги остави нашите кошаркари во игра за место на Евробаскетот.
Првиот стрелец на мечот одушеви со едни од поените, откако даде луда тројка од половина терен. Тоа беше пред крајот на третиот квартал, кога Македонија за првпат поведе на натпреварот.
- Поените на Димитријевиќ од половина терен:
Nenad Dimitrijevikj with the #TissotBuzzerBeater from the #EuroBasket Qualifier logo #ThisIsYourTime pic.twitter.com/2dYjZ3bsTl
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2021
Со овој триумф, Македонија ги задржа шансите за пласман на Евробаскетот. Потребно е Естонија вечерва да загуби од Русија, па во меѓусебен дуел меѓу Естонија и Македонија, ќе се даде последниот патник на собирот.