Димитријевиќ доби нов соиграч, Олимпија Милано го плати 300.000 евра

Италијанскиот кошаркар Нико Манион е нов член на Олимпија од Милано, објави клубот на својата официјална веб-страница.

Манион пристигнува во „градот на модата“ од Варезе, кој според неофицијални информации треба да добие 300.000 евра.

Олимпија, каде настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, најави дека се работи за повеќегодишен договор, а Манион треба да ја зголеми конкуренцијата на бековските позиции.

Олимпија Милано од почетокот на сезоната се мачи во Евролигата и моментално има скор од две победи и пет порази.