Димитријевиќ доби европски првак за соиграч, Зизис потпиша за Хувентуд

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ доби големо име за соиграч за сезоната 2019/20. Имено, Хувентуд од Бадалона потфрли дека постигна договор со 35-годишниот грчки кошаркар, Никос Зизис. Поранешниот репрезентативец и европски првак со Грција ја напушти Бундеслигата и Бамберг и потпиша едногодишен договор со „зелените“ од Бадалона.

Зизис ќе ја почне својата 17-та професионална сезона и ќе се врати во Ендеса лигата, каде настапуваше во сезоната 2012/13 за Билбао. Грчкиот бек ги носеше и дресовите на УНИКС, Монтепаски, ЦСКА Москва, Бенетон, Фенербахче и АЕК.

Хувентуд во сезоната 2019/20 ќе настапи во Еврокупот, а своите противници во групата ќе ги дознае утре напладне.