Димитријевиќ блескаше, Хувентуд ја среди Андора

Хувентуд дојде до победа во шпанскиот кошаркарски шампионат на гостински терен кај Андора (87-89), а клучна улога во екипата имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Четириесет минути се водеше голема борба, со хепи-енд за тимот од Бадалона. Димитријевиќ ги испорача клучните поени во финишот, кога се кршеше резултатот на средбата.

Димитријевиќ мечот го заврши со 12 поени, седум асистенции, три скока и две освоени топки. На паркетот македонскиот репрезентативец мина вкупно 28 минути.

Хувентуд по четири кола во Ендеса лигата има три победи и еден пораз.