• Александар Ковачев

Кошаркарите на Хувентуд ја запишаа петтата победа во Ендеса лигата, откако на домашен терен во рамките на 8. коло го совладаа тимот на Обрадоиро со 83-79.
Ненад Димитриевиќ денешниот натпревар го заврши со седум постигнати поени и два скока, но беше еден од клучните играчи кон крајот на третата четвртина. Нашиот интернационалец постигна пет врзани поени и од 57-62, донесе 62-62 за својот тим пред последните десет минути. Во нив запиша уште два поени, а кошаркарите на Хувентуд го презедоа водство кон средината на последната четвртина и не го испуштија до крајот за конечна победа од 83-79.
Прв стрелец во победничкиот тим беше Aргентинецот Лапровитола со 22 поени, а на спротивната страна лидери беа Ловет и Василеидис со по 16 поени.
Следен предизвик за Димитриевиќ и неговиот Хувентуд ќе биде дуелот против Фуенлабрада исто така на домашен терен, што ќе биде нова можност за позитивен резултат.