Димитриевиќ даде девет поени, но Хувентуд запиша нов пораз

Македонскиот кошаркарски репрзентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлична ноќ во дресот на Хувентуд, но за жал неговиот тим не успеа да ја круниса со победа на дуелот против Обрадоиро, кој заврши со резултат 68-77 за противникот.

Димитријевиќ беше одличен и промаши само еднаш. Даде вкупно девет поени, со шут 2/2 за два, 1/2 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Исто така, тој запиша и два скока (1+1), како и една асистенција.

Најдобар во составот на Хувентуд беше Џордан со 16 поени, а Џиело даде 15, додека во победничкиот табор, Пустовји запиша 17 поени, додека Радовиќ уфрли 15 поени.