„Деветка“ на Димитријевиќ во новиот триумф на Валенсија

Екипата на Валенсија им се врати на победите во АЦБ-лигата и на домашен терен беше подобра од Сан Пабло Бургос (84-70) во рамки на 33. рунда од шпанскиот кошаркарски шампионат.

Ненад Димитријевиќ на овој натпревар доби четиринаесет минути, за кои успеа да постигне девет поени. Македонскиот репрезентативец имаше 3/6 во шутот за два, а погоди и една тројка од два обида. Додаде и една асистенција.

Најдобар кај Валенсија беше Ханлан со 12 поени, пред Ван Росом со 11 поени, додека кај гостинскиот тим Американецот Ренфо даде 16, а  Еди заврши со 12 поени.

Валенсија е веќе во плеј-офот во шпанскиот кошаркарски шампионат. „Лилјаците“ се трети на табелата со скор 22-11.