Детроит го награди тренерот кој направи голем пресврт против Орландо!

Кошаркарскиот клуб Детроит Пистонс одлучи да ја продолжи соработката со својот тренер Џеј Би Бикерстаф, по одличните резултати оваа сезона.

Раководството на франшизата му понуди нов договор како награда за големиот напредок на тимот, кој под негово водство прерасна во еден од најдобрите во Источната конференција.

Пистонс зад себе имаат одлична сезона, со драстично подобрување на резултатите и пласман во плејофот, каде успеаја да ја поминат првата рунда, и тоа со голем пресврт во серијата против Орландо Меџик. 

Иако деталите од новиот договор не се објавени, јасно е дека клубот сака да ја задржи стабилноста и континуитетот во проектот што дава резултати.

Бикерстаф ја презеде екипата во период кога таа беше меѓу најслабите во лигата, но за кратко време успеа да направи сериозен пресврт и да изгради конкурентен тим.