ВИДЕО: Детроит го изненади шампионот без Дејвис, Хјустон продолжи со победите

Пистонс

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс го запиша вториот пораз во низа на мини-турнејата на Источната конференција. По неуспехот кај Филаделфија, избраниците на Френк Вогел немаа одговор за Детроит Пистонс (107-92). На оваа средба одмор доби Ентони Дејвис, а Леброн Џејмс со 22 поени не беше доволен за триумф. Гостите беа во игра до последната четвртина, која убедливо заврши во полза на домашните кошаркари.

Хјустон продолжи да игра одлично и преку Портланд (104-101) стигна до четвртата последователна победа. Триото Оладипо, Вол и Вуд беше на посакуваното ниво и комбинираше за 67 поени. Кај гостите се истакна Лилард со 30 поени.

Екипата на Мајами и натаму е без Џими Батлер, а вчера запиша нов пораз на домашен терен во дуелот со Лос Анџелес Клиперс (105-109). „Жешките“ стартуваа со убедливи 33-19 по првиот квартал, но тоа беше најдоброто што го одиграа на овој натпревар. Иако без своите две најголеми ѕвезди, Клиперси се потрудија тоа да не се почувствува и доминираа до крајот на натпреварот.

Дцовифрениот учинок на сите стартери му помогна на Феникс да го прескокне Голден Стејт (114-93). Разочарувачки настап имаше Дрејмонд Грин кој со два поени не успеа да се надоврзе на солидната партија на Стеф Кари (27).