Детроит без Грифин во цела серија против Милвоки

Блејк Грифин

Фаворитот за пласман во големото финале на плеј-офот Милвоки Бакс доби убави вести во пресрет на остатокот од серијата во првото коло против Детроит Пистонс.

Крилниот центар Блејк Грифин нема да може да има помогне на своите соиграчи во текот на цела серија поради повреда на десното колено.

Овие проблеми го натераа 30-годишникот да ги пропушти последните четири меча од регуларниот дел од сезоната, а сега ќе мора да прави пауза и на стартот од доигрувањето.

Пистонси стравуваат дека прерано враќање на терените ќе предизвика дополнителни проблеми, па затоа целосно го отпишаа од дуелот со тимот предводен од Јанис Антетокумпо.

Во текот на сезоната Грифин постигнуваше во просек по 24,5 поени, 7,4 скока и 5,4 асистенции.