„Детето“ на Партизан се враќа во Белград, но ќе игра за Макаби!

Според информациите од „Меридиан спорт“, српскиот кошаркар Урош Трифуновиќ се враќа во Евролигата и следната сезона ќе настапува за екипата на Макаби од Тел Авив. 

Ова автоматски значи дека Трифуновиќ се враќа во родниот Белград, затоа што Макаби ги игра своите натпревари во српската престолнина поради воениот конфликт со Палестина. 

Трифуновиќ беше одличен минатата сезона во турскиот Тофаш, каде беше еден од лидерите на тимот, со што го привлече вниманието на силните евролигаши. 

Неговиот просек изнесуваше 11,3 поени, 2,2 скока и 1,4 асистенција по натпревар. Претходно девет сезони го носеше дресот на Партизан, а исто така настапуваше и за Мега Баскет и Младост од Земун.