Детали од несреќата: Кузмиќ го возел Поршето, причината сè уште не е откриена 

Сообраќајната несреќа на кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ, сè уште е водечка вест низ спортските медиуми во Србија, кои утрово дојдоа до податок кој го возел уништеното Порше. 

Според досегашните резултати од истрагата, Кузмиќ бил возачот на Поршето, а се судрил со друг автомобил, кој го управувал Марко Мијатовиќ. 

Засега не се познати точните причини за оваа несреќа, но веќе постојат неколку варијанти. Најгласна е таа дека Поршето на Кузмиќ се најде во спротивната лента по што дошло до директен удар со другото возило.

Земени се примероци од крв за да се провери дали некој од возачите бил под дејство на алкохол, а постојат големи сомнежи дека брзината на движење на Поршето била поголема од дозволеното.