• Мартин Танасковски
Екипата на Партизан направи изненадување во Минхен и славеше над Баерн Минхен (67-63) во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
„Црно-белите“ се во огромна резултатска криза, па сигурно е дека овој триумф во Евролигата ќе биде од голем плус посебно на психолошки план. Баерн важеше за фаворит, но потфрли пред својата публика. Ненад Димитријевиќ даде десет поени за Баерн Минхен, со уште два скока и две асистенции, а прв поентер беше Габриел со 13 поени. Кај Партизан, Пејн реализира 16 поени.
Барселона по голема драма славеше во мечот на денот со Дубаи (91-89). Бризуела даде 23 поени, Пантер додаде 20, а одлична партија за Дубаи имаше Рајт со 29 постигнати поени.
Жалгирис дојде до полн плен на гостувањето кај Асвел (96-77). Франциско со 20 поени беше најдобар кај победникот, додека Ертел беше прв поентер кај францусикиот тим со 21 поен.
Панатинаикос се врати во колосек со убедлива победа со Басконија (93-74). Толиополус со 21 и Слукас со 15 поени беа најдобри стрелци кај „детелинките“, додека Луваву-Кабарот постигна вкупно 17 поени со уште пет скока.
Валенсија во ефикасен натпревар беше подобра од Париз (98-84). Тејлор со 28 поени беше прв стрелец кај шпанскиот тим, додека кај Париз, Робинсон постигна 14 поени.
Реал Мадрид ја надмина стотката и со 106-77 беше подобар од Олимпија Милано. Лајлс имаше 17 поени кај „кралевите“, Хезоња постигна 13 поени, додека кај италијанскиот тим Гудуриќ имаше 15 поени.


