ВИДЕО: Дербито за Партизан, Лендејл го сруши АБА-шампионот

Белградски Партизан го доби дербито од 19. коло на АБА лигата, откако пред своите гледачи го надигра актуелниот првак на регионалната лига Будуќност со 76-67. Екипата на италијанскиот стручњак Тринкиери во третиот период го скрши отпорот на Црногорците и ги израдува своите фанови.

Во овој квартал се разигра Ландejл и постигна 12 неодговорени поени, кои доведоа до двооцифрена разлика која екипата на Репеша не успеа да ја намали и да предизвика драма. Ландejл со 23 и Јанковиќ со 12 поени беа најефикасни поединци во победничкиот тим, а Американците Џексон и Кол со 19, односно 14 поени се истакнаа кај евролигашот.

Со оваа победа „црно-белите“ се израмнија на табелата со Будуќност со по 32 бода и само Цедевита и Црвена Звезда имаат подобра сезона од вечерашните ривали во арената „Александар Николиќ“. 

Попладнево во Загреб, Цедевита го совлада ФМП со 87-85.