Дерби уште на стартот: Пелистер и МЗТ Скопје ќе ја отворат кошаркарската сезона

Денеска, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија, беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига, поточно беа избрани натпреварувачките броеви за сезоната 2021/2022

Учесниците во најквалитетното натпреварување ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. МЗТ Скопје Уни Банка
2. Еуро Никел 2005
3. Пелистер
4. Куманово 2009
5. Феникс 2010
6. Навико Академија ФМП
7. Работнички
8. Гостивар
9. МЗТ Скопје Аеродром
10. Ангели
11. Кожув
12. ТФТ

Согласно со Бергеровиот систем за 12-те екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Првата лига-мажи ќе се сретнат:

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Еуро Никел 2005 – Гостивар
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Куманово 2009 – Ангели
Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП
Кожув – ТФТ

Првото кошаркарско коло е предвидено да се одигра на втори и трети октомври.