ВИДЕО: Денвер се врати од 1-3 и обезбеди полуфинале, Бостон вторпат подобар од Торонто

Мичел

Супер-интересната седма средба меѓу Денвер и Јута заврши со победа на кошаркарите од Колорадо (78-80). Се играше цврста одбрана, што може да се забележи по конечниот резултат, а Мајк Конли имаше шут за победа во последните секунди, кој не го искористи.

Нагетси постојано имаа предност на своја страна и беа подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот. Меѓутоа во еден период како да се опуштија и им дозволија на „џезерите“ да се вратат во игра за следната фаза. На крај клучна улога во победата одигра Никола Јокиќ со неколку успешно реализирани напади во низа, кои му донесоа учинок од 30 поени и 14 скока. На спротивната страна недоволен беше Донован Мичел и неговите 22 поени.

  • Јута Џез - Денвер Нагетс 78-80: 

  • Играч на натпреварот: 

Следен противник за Денверќе биде тимот на Лос Анџелес Клиперс, кој одамна си ја заврши работата и имаше можност да одмори пред полуфиналната серија на Западот.

Во вториот дуел од полуфиналето на Истокот, Бостон го шокира шампионот Торонто и стигна до победа од (102-99). Избраниците на Бред Стивенс обезбедија 2-0 и се многу блиску до конференциско финале.

  • Бостон Селтикс - Торонто Репторс 102-99: 

Првата ѕвезда на Селтикси, Џејсон Татум, беше одличен со 34 поени, а свој удел имаше и Маркус Смарт, кој постигна пет тројки во третиот квартал и учествуваше во анулирање на предноста на противникот.

Одличната одбрана во завршните 12 минути на Бостон му донесе втора победа и убаво водство во пресрет на останатите натпревари.