ВИДЕО: Денвер се распадна, Јута првпат поведе во серијата

Кошаркарите на Јута Џез убедливо го совладаа Денвер во третиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на Западната конференција на НБА-лигата со резултат 124-87.„Џезерите“ целосно доминираа во комплексот „Дизни“ на Флорида и по воведниот пораз, го запишаа својот втор последователен триумф за водство во серијата од 2-1.

Непрепознатливите Нагетси поведоа само еднаш (5-4), па екипата од Солт Лејк Сити ја доби првата четвртина со 25-14, а на крајот на полувремето, Јута имаше дури 25 поени повеќе (56-31). Ништо не се промени во продолжението на натпреварот, а предноста на Јута, која шутираше за три поени со успешност 18/37, беше постојано над 20 поени. Максималните +39 беа забележани во почетните минути од последниот квартал.

  • Извештај од натпреварот: 

Мајк Конли играше скоро без грешка и со 27 поени (9/13 од игра, 7/8 за три поени, 2/2 од слободни фрлања) и четири асистенции, ги водеше „џезерите“ до победа. Руди Гобер го следеше со 24 поени (11/15 од игра) и 14 скокови, а Донован Мичел постигна 20 поени.

  • Играч на натпреварот: 

Никола Јокиќ беше најефикасен во поразениот тим со 15 поени (6/13 од игра, 2/6 за три поени, 1/2 од слободни фрлања), со пет скока и шест асистенции за 32 минута. Натпреварот број четири е на програмата на 24 август, а победникот од оваа серија во полуфиналето на конференцијата ќе го пречека подобриот од дуелот Лос Анџелес Клиперс - Далас (1-1).