Денвер остана без Јокиќ пред дерби-мечот со Оклахома?

Управата на Денвер Нагетс ја информираше јавноста дека тимот ќе биде сериозно ослабен за претстојното дерби против Оклахома Сити Тандер, кое се игра во рамки на 81. коло од регуларниот дел на сезоната. 

Јокиќ повторно има проблем со десната рака, а голема е веројатноста надвор од паркетот да останат уште Џамал Мареј и Арон Гордон. Ова значи дека Денвер може да остане без тројца важни играчи и ќе има тешка задача против актуелниот НБА шампион.

Што се однесува до Јокиќ, тој треба да одигра најмалку уште еден натпревар за официјално да остане во МВП трката. Доколку го пропушти мечот со Оклахома, се очекува да настапи на последниот дуел од регуларниот дел, во кој Денвер ќе се сретне со Сан Антонио Спарс.