ВИДЕО: Денвер на погонот на Јокиќ до нова победа, Ирвинг и Дончиќ блеснаа во дресот на Далас!

Уште една фантастична вечер за Никола Јокиќ во НБА лигата. Српскиот ас одново блесна во дресот на Денвер Нагетс, кој по продолжението славеше над Бруклин Нетс со 139-144.

Ова беше втора победа во низа за Денвер, а конечно Јокиќ можеше да се потпре на соиграчите кои не го следеа на претходните натпревари. Џамал Мареј и Арон Гордон постигнаа по 24 поени, додека Расел Вестбрук постигна 22 поени. „Џокерот“ натпреварот го заврши со 29 поени, 18 скока и 16 асистенции.

Инаку, Јокиќ со овој „трипл-дабл“ стана само вториот играч кој остварил учинок од плус 29 поени, 18 скока и 16 асистенции.  Во тимот на Бруклин најефикасен беше Денис Шрудер со 28 поени и 14 асистенции, додека Кам Томас мечот го заврши со 26 поени.

На крилата на Лука Дончиќ, Далас победи на гости кај Минесота со 114-120. Словенечкиот претставник за 40 минути постигна 24 поени заедно со осум скока и девет асистенции. Подобар учинок од него имаше само Кари Ирвинг, кој за 39 минути постигна 35 поени, четири скока и пет асистенции.

На другата страна Едвардс постигна 37 поени, додека Рендл запиша 20.