ВИДЕО: Денвер има и други адути освен Јокиќ, Мареј со 45 поени ја реши Јута!

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во драматичен меч на гостувањето кај Јута Џез (125-128) во НБА лигата. Тимот од Колорадо покажа дека има повеќе адути и не е само Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 22 поени и 12 скока. Србинот на крајот ги реализира клучните слободни фрлања за заверка на славјето.

  • Јута Џез - Денвер Нагетс:

Сепак, убедливо најдобар на паркетот беше Џамал Мареј. Асот на Денвер го заврши мечот со 45 поени зад своето име водеќи го тимот до победата. Во таборот на Јута се истакна Џорџ со 36 поени. 

Бостон Селтикси на гости убедливо го победија Милвоки (81-108). Причард беше најдобар во победничкиот табор со 25 поени, додека кај Бакси се истакна Јанис Адетокумбо со 19. 

  • Милвоки Бакс - Бостон Селтикс:

На останатите терени Клиперси славеа на гости кај Голден Стејт (101-114), а Хјустон беше подобар од Вашингтон (118-123).