ВИДЕО: Денвер и со скромен Јокиќ го декласира ЛА Клиперс, нов пораз и за Лејкерси

Kошаркарите на Денвер го совладаа Лос Анџелес Клиперс во „Бал Арената“ со 120-98, а најефикасен поединец на Нагетси беше канадскиот кошаркар Мареј, кој натпреварот го заврши со 20 поени.

Тимот на Мајк Мелоун имаше шест двоцифрени кошаркари, а Никола Јокиќ ја одигра можеби најслабата партија оваа сезона. Српскиот ас покрај 16 постигнати поени имаше и рекордно ниско ниво број на скокови (7) и асистенции (2).

Мајкл Портер беше втор најефикасен кошаркар со 17 поени, Арон Гордон додаде 14, колку што постигна и Пејтон Вотсон. На другата страна Норман Пауел и Кевин Портер постигнаа по 16 поени, а Џејмс Харден помогна со 15, со дури девет загубени топки.

Пораз забележа и вториот тим од Лос Анџелес. „Езерџиите“ беа немоќни на гостувањето кај Минесота, која на крај славеше со убедливи 97-87 и на тој начин им го нанесе дванаесеттиот пораз на Лејкерси оваа сезона, со кој паднаа од плеј-оф зоната.

Едвардс со 23 поени беше најрасположен кај победничкиот тим, додека за Лејкерси прв поентер беше Дејвис исто така со 23 поени, а Леброн Џејмс поради повреда на стапалото не настапи на овој дуел.