ВИДЕО: Денвер и Јокиќ се намачија против ослабениот ЛА Лејкерс 

Српскиот кошаркарски Никола Јокиќ го предводеше тимот на Денвер до победа од 131:126 над Лос Анџелес Лејкерс.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс го одиграа највозбудливиот натпревар од синоќешната НБА програма, на кој тешка победа извојува шампионот од пред две сезони. На крилјата на српскиот ас Никола Јокиќ, Нагетси славеа над десеткуваниот противник со конечни 131-126. 

Јокиќ постигна 28 поени, најмногу кај Нагетси, а запиша уште седум скока и имаше пет асистенции. Го следеа Џамал Мареј со 26 поени, пет асистенции и четири скока и Кристијан Браун со 22 поени. Кај Лејкерси, кои настапија без Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, најефикасен беше Остин Ривс со 37 поени, 13 асистенции, 8 скока и 4 украдени топки. Поддршка му беше само Далтон Кнехт со 32, додека Шејк Милтон постигна 16 поени.

Со оваа победа Денвер се зацврсти на второто место на Западот со скор 43-24, веднаш пред Лејкерси со 40-25.

Феникс Санс извојува голема победа над Сакраменто со 122-106 и сè уште може да се надева на пласман во баражот. Девон Букер и Кевин Дурент постигнаа по 22 поени, а одличен беше и Џонс со 20 поен. Демар Дерозан беше најдобар стрелец кај „кралевите“ со 23 поени, додека Зак Левин постигна поен помалку.

Значајна победа во борбата за плеј-офот забележа и Лос Анџелес Клиперс на гостувањето кај Атланта Хоукс. Тимот од „градот на ангелите“ на крај славеше со убедливи 98-121, пред сè благодарение на одличните партии на Ленард и Харден, кои постигнаа по 25 поени.