• Иван Димовски
Кошаркарите на Денвер Нагетс триумфираа на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 111-116, завршувајќи ја серијата на домашните која беше девет победи во низа. Иако беа без првата ѕвезда Никола Јокиќ, кошаркарите од Колорадо, предводени од одличниот Џамал Мареј кој уфрли 39 поени, стигнаа до победа. Денвер успеа да ја заврши одличната низа на ривалот со одличен тимски перформанс. Во таборот на Хјустон се истакна Џејлен Грин со 30 поени.
- Хјустон Рокетс - Денвер Нагетс:
Натпревар за паметење одигра и Еднру Вигинс, кој со 42 поени имаше рекорд на сезоната и го водеше Мајами до победа над Шарлот (122-105). Одлична партија забележа и Тајлер Хиро кој уфрли 29 поени, додека кај Хорнетси се истакна Смит со 19.
Шеста победа во низа забележа Оклахома Сити Тандер Клиперси во Лос Анџелес (101-103). Шеј Гилџус Александар беше прво име на тимот со 26 поени на своето конто, додека во спротивниот табор одличен беше Кавај Ленард со 25 поени и 10 скока.
- Лос Анџелес Клиперс - Оклахома Сити Тандер:
На останатите терени поуспешни беа гостите: Бостон слави во Портланд, Сан Антонио во Торонто, Кливленд беше подобар на теренот на Јута. Домашни победи забележаа Детроит против Њу Орлеанс и Атланта во мечот со Филаделфија.