Денвер го задржува „јадрото“, нов договор и за Пејтон Вотсон!

Управата на Денвер Нагетс му понуди на Пејтон Вотсон нов петгодишен договор вреден 70 милиони долари, со цел да го задржи во тимот и во наредните сезони.

Вотсон ова лето стана ограничено слободен агент, а интерес за него покажаа и Милвоки, Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс.

23-годишниот крилен кошаркар е дел од Денвер од 2022 година, а во 2023 со тимот ја освои шампионската титула во НБА лигата. 

Минатата сезона одигра одлично, со просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција по натпревар, што го направи еден од важните играчи во ротацијата на Нагетс.