ВИДЕО: Денвер ги разби Лејкерси, Торонто го изненади шампионот

Леброн

Денвер Нагетс го доби дуелот со Лос Анџелес Лејкерс (133-96), најмногу благодарение на Никола Јокиќ. Српскиот центар започна да доминира во втората четвртина и им нанесе нов тежок пораз на Леброн Џејмс и „езерџиите“. На крај заврши со „трипл-дабл“ учинок од 17 поени, 13 асистенции и 11 скока. Џејмс беше единствена светла точка кај гостинскиот тим со 25 поени и девет асистенции.

Екипата на Торонто Репторс се надмина и славеше кај шампионот Милвоки Бакс (96-103). Домашните кошаркари одиграа солидна прва четвртина и разочараа во остатокот од натпреварот. Паскал Сиакам постигна 30 поени и запиша по десет скока и асистенции, а 30 поени за домаќинот собра и Јанис Антетокумбо.

Добрата серија на Далас Маверикс продолжи на дуелот со Орландо Меџик (108-92). Тимот од Тексас немаше проблеми да го одбрани домашниот терен. Гостите беа рамноправни само во завршницата. Лука Дончиќ заврши со 23 поени и девет асистенции и одново беше прво име кај Далас.

Втор пораз во низа оствари Чикаго Булс на дуелот со Бостон Селтикс (114-112). За гостите не настапи Зек Лавин, кој го повреди коленото и ќе прави мала пауза.

Бруклин Нетс го надигра Њу Орлеанс Пеликанс (120-105). Натпреварот не го комплетира Кевин Дурант, кој поради повреда заврши во соблекувална. И покрај тоа, неговите соиграчи немаа проблем да слават пред своите гледачи.