Денвер без првиот плејмејкер во клучниот меч против Минесота?

Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс ќе одиграат „мајсторка“ во полуфиналната серија од западната конференција на НБА лигата, но тимот за кој настапува Никола Јокиќ се соочува со проблеми пред клучниот меч од сезоната. 

Актуелниот шампион би можел да остане без еден од клучните играчи за овој натпревар, што секако создава големи главоболки за тренерот Мајк Мелоун. Голема е веројатноста дека Нагетски ќе мораат да настапат без одличниот Џамал Мареј, кој заработи повреда на лактот по еден дуел со Руди Гобер, а оваа информација секако не е добредојдена за нивните навивачи. 

„Се надевам дека ќе можам да играм. Најважни се резултатите од прегледите, но нема да се откажам и ќе настапам дури и ако постои најмала шанса. Ова е клучниот меч во сезоната, не би сакал да го проследам од клупата“, изјави Мареј. 

Седмиот натпревар помеѓу Денвер и Минесота ќе се одигра на ноќта на 20 мај, со почеток во 02:00 часот по македонско време. Победникот ќе се пласира во конференциското финале, каде ќе се соочи со подобриот од серијата меѓу Далас Маверикс и Оклахома Сити Тандер.