• Саше Љолес
Екипата на Денвер Нагетс ја обезбеди предноста на домашниот терен во плеј-офот, откако ја совлада Оклахома Сити Тандер со 127-107 во натпреварот од претпоследното коло на регуларната сезона во НБА лигата.
Со овој триумф, тимот од државата Колорадо се вметна меѓу најдобрите четири екипи во западната конференција, со што ќе ја стартува плеј-оф серијата пред своите навивачи.
Воедно, ова беше единаесетта победа во низа за тимот на Никола Јокиќ, кој не настапи на вчерашниот меч поради мала повреда на раката. Рака на срце, и Оклахома повеќе играше со резервниот тим, но тоа не ја обезвреднува победата на Денвер над актуелниот НБА шампион.
Што се однесува до Јокиќ, тој би требало да настапи на натпреварот против Сан Антонио, со што ќе ја исполни „квотата“ од 65 одиграни мечеви, која го остава во трка за престижното МВП признание.






