ВИДЕО: Денвер без ѕвездите го урна Голден Стејт, доминација на Лука и Лејкерси

Екипата на Денвер Нагетс го совлада Голден Стејт Вориорс со 114-105, иако беше аутсајдер на хартија затоа што ги немаше ѕвездите во екипата. Најдобриот играч на Денвер и кандидат за МВП, Никола Јокиќ, поради повреда мораше да го пропушти натпреварот против Вориорси, а на располагање не беа ниту Џамал ​​Мареј и Кристијан Браун.

Арон Гордон, Мајкл Портер Јуниор и Расел Вестбрук ја презедоа контролата и им помогнаа на Нагетси да им го нанесат првиот пораз на Вориорс по седум последователни победи. Тие завршија одлична работа, а посебна пофалба заслужува Арон Гордон кој натпреварот го заврши со 38 поени, 6 скока и 3 асистенции, додека Мајкл Портер Јуниор имаше „дабл-дабл“ учинок од 21 поен, 10 скока и 5 асистенции. Пејтон Вотсон постигна 13 поени, а Расел Вестбрук имаше 12 поени, заедно со 12 скока и 16 асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Сан Антонио Спарс со резултат 125-109. Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ постигна 21 поен со 9 скока и 14 асистенции, со што се доближи до „трипл-дабл“, но најефикасен беше Остин Ривс со 30 поени, 7 скока и 6 асистенции, а Фини-Смит и Гудвин постигнаа по 15 поени. Стефон Касл ги предводеше Сан Антонио Спарс со 23 поени, 8 скока и 3 асистенции, Девин Васел имаше 17 поени и 8 скока, а Џереми Сохан имаше 15 поени.

На останатите натпревари, Њујорк Никс го победи Мајами (116-95), Хјустон по продолженија ја совлада Филаделфија (144-137), исто беше и со Индијана против Минесота (132-130), Детроит го изненади Њу Орлеанс (127-81), Чикаго Булс ги освои бодовите со Јута (111-97), Феникс дома го надигра Торонто (129-89), а исто беше и за Портланд со Вашингтон (112-97), односно Сакраменто со Мемфис (132-122).