ВИДЕО: Денот кога Перо Антиќ неверојатно дојде до првата европска круна

Перо Антиќ важи за најуспешен македонски кошаркар во историјата. Има три евролигашки круни, тој е првиот човек кој заиграл во НБА-лигата, а дали се сеќавате на првата европска круна на крилниот центар.

Сегашниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација, до првиот пехар во Евролигата дојде на денешен ден во сезоната 2011/12 со екипата на Олимпијакос. И тоа на неверојатен начин, во финале кое вечно ќе се прераскажува.

  • Моментот на одлука во салата „Синан Ердем Дом“:

Дуелот се реши во последните десет секунди. ЦСКА Москва имаше предност од еден поен (61-60), а Шишкаускас шутираше две слободни фрлања. Литванецот ги промаши и двете, Папаниколау изведе дефанзивен скок, Спанулис повлече брз напад, па го проигра Принтезис, кој реализира за два на 0,7 секунди пред крајот и предизвика лудило во салата во Турција.

Антиќ го почна натпреварот во стартната петорка, а во големото финале имаше учинок од седум поени и два скока. Покрај оваа круна со Олимпијакос, Антиќ ја освои и онаа во сезоната 2012/13, а потоа во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување триумфира и со Фенербахче (2016/17).