Денот кога 15-годишниот Леброн го „прегазил“ големиот Мајкл Џордан

Леброн Џордан

Доколку продолжи со исто темпо, Леброн Џејмс ќе се искачи на самиот врв меѓу најдобрите кошаркари на сите времиња. Тронот моментално му припаѓа на Мајкл Џордан, но кариерата на „кралот“ ќе има големи аргументи кои ќе го сместат пред легендарниот играч на Чикаго Булс.

Кој би победил во дуел еден на еден во своите најдобри денови, никогаш нема да дознаеме. Но, затоа постојат сведоци кои кажуваат како 15-годишниот Леброн го „прегазил“ Мајкл, кој на тој натпревар имал 38 години и бил на излезните врати од НБА лигата.

Контроверзниот Мета Ворлд Пис, познат на пошироката јавност како Рон Артест, раскажа на Инстаграм што се случувало на дуелот од пред 20 години, на кој Џејмс и Џордан играле на спротивна страна.

„Леброн на 15 години го „прегази“ Мајкл. Никој друг на таа возраст не можеше да го победи Џордан. Тој беше голем и незадржлив, а на тој натпревар беше далеку подобар“, рече поранешниот член на Индијана и Лос Анџелес Лејкерс.

Речиси и да нема податоци и видеа од овој дуел, кој му овозможи на Леброн да игра против својот кошаркарски идол. Вистина е дека во тој период имаше голема разлика во години во корист на талентот кој надоаѓаше, но исто така и во искуство, кое беше на страна на шесткратниот НБА првак.

Gol.mk анкета: Кој би победил во дуел еден на еден - Мајкл Џордан или Леброн Џејмс?