Денис Шредер претепал непознат човек во ноќен клуб и завршил зад решетки

Најдобриот германскиот кошаркар, Денис Шредер предизвикал инцидент во ноќен клуб во Брукхевн, во сојузната држава Џорџија. Ѕвездата на Атланта Хоукс се расправал со непознато лице, па го удрил и заедно со тројца пријатели го претепал и лицето заврши во болница.

Веднаш пристигнала полицијата и добила видео снимка од безбедносните камери на која јасно се гледа инцидентот. Шродер и неговите придружници веднаш беа уапсени со обвинение за физички напад.

Кошаркарот е пуштен на слобода со кауција, а неговиот клуб Атланта потврди дека нивниот кошаркар беше вклучен во инцидент.