ВИДЕО: Ден за паметење – се сеќавате ли на лудата тројка на Кецман?

На денешен ден пред десет години одиграно е најлудото финале на регионалната кошаркарска АБА-лига, решено во последната секунда со тројка од половина терен.

Во мечот за титула играа големите ривали Цибона и Партизан, а мечот кој решаваше околу првакот беше изедначен цели 40 минути. Регуларниот дел заврши без победник, мечот замина во продолженија и следеше вистинска драма.

На седум секунди пред крајот Робертс промаши две слободни за Партизан при резултат 71-72, па Бојан Богдановиќ даде тројка на спротивната страна, за лудило во Загреб. Почна славјето затоа што беше 74-72, но на семафорот имаше 0,7 секунди до крајот...

Некаде од линијата за слободни фрлања, Душан Кецман даде тројка за Партизан и ја замолкна „Арена“. Цибона бараше да се поништат поените, но, сепак, судиите ги признаа и титулата замина во Белград.

Финалето од 2010 година важи за едно од најдраматичните на овие простори.