Делегатот Божиновски замина во пензија, Судиската комисија го испрати со стил

Финалниот меч во Македонска Каменица помеѓу екипите на Баскет КАМ и Бадел 1862, беше и последниот во кариерата на Илчe Божиновски.

Долгогодишниот судија, потоа и делегат, заедно со судиите-колеги Цветановски, Тасевски и Зафировски, ги одработи своите 40 минути, а Судиската комисија го испрати во спортска „пензија“, со посебно креиран судиски дрес и плакета која му ги врачи претседателот на Судиската комисија, Елена Велкоска. 

Убав гест во кој се гледа значајот на луѓето кои се во кошарката со децении, а најчесто се зад кулисите и рефлекторите.