Дек ја напушти НБА лигата и брзо потпиша за својот поранешен клуб 

Аргентинскиот репрезентативец Габриел Дек се врати во Реал Мадрид по само половина сезона мината во НБА лигата. Обидот да се наметне во дресот на Оклахома Сити Тандер беше неуспешен, па вицешампионот на Шпанија побрза да потпише договор на две ипол години.

Дек се обврза на верност до крајот на сезоната и уште две, со опција за 2,5 милиони евра да се врати во НБА лигата. Во својата кратка епизода во Оклахома, Дек запиша 6 поени, 2,7 скока и 1,7 асистенции по натпреварот.

Поранешниот ас на Сан Лоренцо од Алмагро со Реал освои една Ендеса лига и Куп на Кралот, а со аргентинската репрезентација се избори за четвртфинале на олимпискиот турнир.