ВИДЕО: Дејвис со луда тројка со звук на сирена го расипа шоуто на Јокиќ!

Лос Анџелес Лејкерс повторно славеше над Денвер Нагетс (105-103) и во финалната серија на Западот успеа да поведе со 2-0.

Дуелот во Орландо беше супер-драматичен, а се реши со тројка со звукот на сирената. Денвер имаше предност (102-103), па Лејкерси побараа тајм-аут, а човек на одлука беше Ентони Дејвис, кој во последната акција во која имаше уште две секунди доби топка за шут за три и постигна луди поени за триумф и голема радост.

  • Победничката тројка на Дејвис:

Што се однесува до средбата, Лејкерси започнаа далеку подобро и водени од Леброн Џејмс го диктираа темпото на игра. Потоа заблескаа Карузо и Дејвис, следеше серија од 11-0, за позитива од 52-36 на фаворитот на хартија. Во средината на третиот квартал беше 70-54, но Денвер во овој плејоф не се предава. Така, со пеколна одбрана и тројка на Мареј, Нагетси се вратија и за првпат по стартната предност поведоа на седум минути пред крајот (86-87), па со самото тоа ја најавија и драмата. Во финишот разликата меѓу двата тима константно беше четири до пет разлика, а кога најмногу требаше, одбраната на Денвер попушти. Следеа и грешки во играта, загубена топка на 2,1 секунди пред крајот и луда тројка за победа на Дејвис преку Јокиќ, откако претходно се подари топка со грешка во комуникацијата во одбраната.

  • Извештај од натпреварот:

Инаку, овој натпревар беше шоу на Јокиќ, затоа што центарот блескаше кај Денвер и постигна 30 поени, со уште девет асистенции и шест скока. Веднаш зад него беше Џамал Мареј со 25 постигнати поени. Вреди да се напомене дека Јокиќ го врати Денвер во игра за победа, откако на мечот ги даде последните 12 поени за „нагетси“.

Кај ЛА Лејкерс, човекот на одлука Дејвис беше најефикасен со 31 поен, а го следеше Џејмс со „дабл-дабл“ од 26 поени и 11 скока. 

Следниот натпревар од финалната серија на Западот е закажан в среда од 3:00 часот.